Ако сте завршиле со факултетот и сакате да започнете свој сопствен бизнис, морате да ги знаете некои работи кои не може никако да ги научите на факултет.
Просечно, не е доволно добро
Ако сакате да го завршите факултетот, тогаш просечното е доволно. Не зависите од никој друг. Но, кога се работи за работата, просечното и не е доволно добро. Понекогаш се различни работите или интересите. Морате во нешто да се издвојувате и да бидете посебни. Можеби порано за вас било важно да ја добиете дипломата, но сега мора да се борите со сите оние кои некогаш били исто така просечни.
Нема веднаш да живеете поубаво
Кога ќе го завршите факултетот и ќе почнете да работите, без разлика што имате свои пари, нема да може на ист начин да ги уживате. Подршката од родителите се намалува, а трошоците се зголемуваат.
Нема точен одговор
Кога одговарате на факултет или кога решавате задачи, ви бараат точни одговори. Но во бизнисот тоа не е така, не постои точен одговор како да ја најдете работата. Од експертите можете да добиете совети, но ниту едно правило не е единствено и не значи дека само тоа е точно.
Нема брзи резултати
Ако за некој испит сте учеле и сте го полагале, за брзо време ќе добиете и резултати од него. Но, ако сте започнале свој бизнис, резултатите ќе дојдат за некоја година. Во меѓувреме ќе имате подигнувања и падови, но после секој пад вие ќе мора да продолжите да работите.
Не се важни оцените
За да започнете свој бизнис, ви треба многу повеќе од добри оцени. Мора да имате среќа, мора да познавате луѓе, да бидете друштвен, комуникативен, иновативен и добар во тоа што го правите.
Препуштени сте сами на себе
На факултет можете да учите во група, но на работа и во бизнисот, вие сами морате да пронаоѓате решенија.
Со многу пријатели нема да останете во контакт
Сите заминуваме во различни подрачја и околини и имаме различен стил на живот. Поважно ќе ви биде да напредувате, отколку досегашните интереси.
Не можете да ги поместите испитите и да земете слободен ден
Ако сакате да започнете сопствен бизнис, веројатно ќе морате да работите постојано. Не можете да земете неколку дена одмор. Тогаш нема да може да се рабудите и да решите да останете дома.
Успехот не е пропорционален со вложениот труд
Не може сите за својот труд да добијат иста плата или заработка. Нема ни да напредувате исто. Колку и да се трудите многу, ако не знаете тоа да го покажете, вие може и да не напредувате.