По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, се најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година.
Во моментот се проверуваат техничките можности, потоа следува хортикултурно уредување, затоа што две години била запуштена, а на крај ќе треба да се дезинфицираат кабините – рече новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Жичарницата беше затворена на почетокот на ковид-кризата, односно 13 март 2020 година, кога беа воведувани карантини како заштита од корона вирус.
Извор: nezavisen.mk