Од почетокот на декември масовно се бараат станови за изнајмување за прослава на Нова година. Со оглед на фактот дека понудата на вакви станови во Скопје е многу помала од побарувачката цените се астрономски и се движат од 500 до 1.000 евра за една вечер. И покрај високата сума која треба да се одвои проблем е да се најде стан, бидејќи 90 отсто од сопствениците на станови не сакаат да ги изнајмуваат за новогодишни прослави. Од Агенциите за недвижности велат дека телефоните постојано им ѕвонат и се бараат станови за изнајмување за Нова година, а интересно е што некој од клиентите се подготвени да платат и над 1.000 евра само за една вечер
Граѓаните и покрај најавите дека омикрон ни тропа на врата не се откажуваат од славење на Нова година. Од почетокот на декември масовно се бараат станови за изнајмување за прослава на Нова година. Со оглед на фактот дека понудата на вакви станови во Скопје е многу помала од побарувачката цените се астрономски и се движат од 500 до 1.000 евра за една вечер. И покрај високата сума која треба да се одвои проблем е да се најде стан, бидејќи 90 отсто од сопствениците на станови не сакаат да ги изнајмуваат за новогодишни прослави.
Од Агенциите за недвижности велат дека телефоните постојано им ѕвонат и се бараат станови за изнајмување за Нова година, а интересно е што некој од клиентите се подготвени да платат и над 1.000 евра само за една вечер.
-Голем дел од сопствениците не сакаат да ги изнајмуваат за толку кратко време, а посебно не за една лили два вечери. Со оглед на големата побарувачка за изнајмување на вакви станови последниве неколку години цените за прослава на Нова година се драстично покачени. Некои од клиентите се подготвени да платат и над 1.000 евра само една вечер. Некои од газдите освен кирија бараат и депозит. Така на пример ако за изнајмување на станот клиентот треба да плати 500 евра треба да остави и депозит од 500 евра, а треба да плати и 50 отсто провизија за агенцијата, што значи вкупно 1.250 евра. Ако оваа сума се подели на 30 лица излегува дека секое лице треба да плати по 40 евра што и не е така малку, вели Александар сопственик на Агенција на недвижности.
Некој од сопствениците на становите намерно ги качуваат цените пред Нова година, но има и такви кои не сакаат да ги изнајмуваат за толку кратко време. Некои имаат лошо искуство, бидејќи потоа имаат проблеми со соседите, со полиција поради гласна музика, уништен мебел, искршени врати….Поради тоа, некој од газдите бараат и лицата, а тоа најчесто се тинејџери да остават лични картѕи доколку имаат или пак да дојдат со родител кој ќе гарантира дека станот потоа ќе го вратат во првобитната состојба.
Сепак и покрај високите цени повеќето тинејџери Новата година ќе ја дочекаат по изнајмени станови, куќи и викендички. Цените за изнајмување на куќи и викендички за Новата година во околината на Скопје се нешто повисоки и се движат од 600 евра па нагоре.
Освен во Скопје голема побарувачка и за викендички по туристичките центри во Македонија, а меѓу најпопуларните дестинации за новогодишните празници се Берово, Крушево, Маврово, Пониква, Попова Шапка и Охрид.
Голем дел од приватните сместувалишта во Охрид се веќе пополнети, но и годинава интересот е многу помал за разлика од годините пред короната.
– Во Охрид ќе има организирани пречеци на плоштадот, во поголемите ресторани, кафе-баровите и во ноќните клубови за помладите. Но, поголем дел од хотелите се откажаа од организирање на дочеци за Нова година. Капацитетите на приватните сместувалишта ќе бидат поисполнети, додека хотелите ќе бидат исполнети само 50 отсто, изјави за ВЕЧЕР, Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.
Сепак, кафеани и ресторани во Охрид очекуваат подобра посетеност за празниците. Тие имаат понуди за пречек на Новата година од 1.500 денари со ограничен број пијалаци и мезе до пречек со комплетно новогодишно мени и неограничен пијалак за некаде околу 50 евра по лице.