![ЕУРО-ФАРМ ВРАБОТУВА: Оглас за кандидати со минимум СРЕДНО](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/88/22339688-resize-820x0x100.jpg)
Фармацевтската компанија ЕУРО-ФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРО-ФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чии склоп влегуваат 87 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 320 лица од најразличен профил (180 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал).