Секој што ќе одлучи шпоретот на дрва да го замени со инвертер клима 100 процентно придонесува во намалување на загадувањето, велат дел од познавачите. Ваквиот тип на греење не ослободува штетни и канцерогени материи. Сепак, велат трошењето на струјата треба да се контролира, а сепак да се задржи комфорот во домовите.
Дополнително за да се ублажи ударот од загадувањето, треба да се зголемат и стимулациите за приклучување на градско парно. Сите кои се исклучени од мрежата да се вратат назат.
Во акцијата за замена на печките на дрва, беа доделени околу 10 милиони евра за 10 илјади инвертер клими во 4 општини - Скопје, Битола, Тетово и Кичево.
Според експертите, и рестартирањето на ТЕЦ Неготино и користењето на јагленот ја загадуваат околината. Но, колку зависи од тоа колку ќе се согорува односно колку ќе се произведува, но и од квалитетот и на јагленот и на мазутот. Сепак земјава во моментов нема друга опција за производство на струја и затоа мора да ги користи.