Маркарт Македонија им овозможува Приватно здравствено осигурување на сите свои вработени
Фокусот кон вработените отсекогаш бил дел од нашата корпоративна култура. Нашата култура е нашиот бренд, а нашите вработени се нашата сила. Континуирано создаваме подобри услови за работа и секогаш се стремиме кон среќни и задоволни вработени.
Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените се врвен приоритет за нас. Маркарт ги презема сите мерки на превенција за да се осигураме дека нашите вработени ќе останат здрави и безбедни. Помеѓу различните иницијативи, од највисок приоритет беше квалитетната медицинска заштита и полесно надминување на здравствените предизвици. Затоа, од Јануари 2022 година Маркарт Македонија на сите свои вработени им овозможи Приватно здравствено осигурување преку осигурителната компанија Еуролинк Осигурување.
Силно веруваме дека на овој начин ќе придонесеме кон зголемување на сигурноста, безбедноста и благосостојба на нашите вработени и нивните семејства.
Ние во Маркарт, подеднакво се грижиме, како за нашите клиенти така и за нашите вработени. Создаваме средина која ги поддржува нашите луѓе и градиме систем кој дава приоритет на нивната благосостојба.
Остануваме верни на нашите вредности.
Менаџерскиот Тим на Маркарт Македонија