Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал.
Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја валута на 1 јануари 2002 година, а денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 земји на ЕУ, објави ЕЦБ.
– Еврото стана столб на стабилноста и еднаквоста ширум светот, благодарение на вас. Стотици милиони Европејци веруваа во него, му даваа сила, доверба и го користеа секој ден, рече во видео пораката по повод 20 годишнина од еврото директорката на Европската централна банка Кристин Лагард.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека еврото е конкретен симбол на европскиот успех, како една „сигурна, динамична и солидна валута“.
Покрај сегашните 19 земји кои го користат еврото, во наредните години треба да се приклучат и Бугарија, Хрватска и Романија. Еврото падна на второто место на најбезбедни валути по доларот. Сега претставува 20 отсто од светските девизни резерви наспроти 60 отсто за доларот.