![Од денес минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 450 евра](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/9f/2a5ce3f9-resize-820x0x100.jpg)
Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра.
Овој Закон за кој гласаа 50 пратеници, е од програмата „Европа сега“.
Собранието смета дека постои итност за стапување на законот на сила на денот на објавување во Службен весник.
Пратениците ги усвоија и измените на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување со кој се укинуваат придонесите за здравството.