![6 јануари, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/e1/ce01b51e-resize-820x0x100.jpg)
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.