Во Силиконската долина се води „војна“ меѓу технолошките ривали „ Apple “ и „Meta“, откако Meta во последните месеци ангажираше околу 100 инженери на „Епл“.
На тоа Apple не остана должен
Со цел да ги задржи вработените, ИТ гигантот Apple започна програма за наградување во која издава значителни бонуси во форма на акции на некои од своите инженери во период од четири години и треба да послужи како поттик за инженерите да останат во Apple. Со тоа, како што пишува Bloomberg, би се избегнале нови случаи на „прелетување“ во Meta.
Инженерите изненадени
Инженерите биле изненадени од бонусите кои ги добиле, а кои се движеле од 50.000 до дури 180.000 долари. Повеќето добиле 80.000 долари, 100.000 долари или 120.000 долари во акции. Менаџерите во Apple тврдат дека ова е награда за врвни резултати, без да го споменат Meta како закана, а раководството на Apple досега не ги коментирало овие тврдења.
Двете компании се ривали кога станува збор за паметни производи и зголемена и виртуелна реалност, а дополнително, во следните две години и двете планираат големи хардверски изданија. Ваквите плаќања не се дел од вообичаените пакети за награди на вработените на Apple, кои вклучуваат основна плата и бонуси во акции и готовина.
Apple понекогаш им доделува дополнителни парични бонуси на вработените, но големината на најновите субвенции за акции беше, според извор на Bloomberg, нетипична и очигледно темпирана.
Помеѓу 10 и 20 отсто од инженерите добија акции, па оваа програма за наградување ги налути оние инженери кои не добија акции и кои сметаат дека процесот на селекција е произволен. Вредноста на некои бонуси беше еднаква на годишната поддршка за акции дадена на некои менаџери-инженери.
Нивната вредност ќе се зголеми доколку цената на акциите на Apple продолжи да расте со исто темпо како оваа година. Имено, вредноста на акциите се зголеми за 36% во текот на 2021 година, што ја подигна пазарната капитализација на компанијата на речиси три трилиони долари.
Во меѓувреме, Meta не губи време, туку „лови“ таленти од одделенијата на Apple за проширена реалност, вештачка интелигенција, софтвер и хардвер. Гигантот на социјалните мрежи, кој управува со Facebook, Instagram и WhatsApp, започна со значително зголемување на платите бидејќи сака да се префрли на хардвер и таканаречен метаверзум.
Apple верува дека недостигаат лични односи кои донекаде беа изгубени во пандемијата, па затоа најавија дека очекуваат корпоративните вработени да работат од канцеларија најмалку три дена во неделата, а хардверските инженери четири или пет дена во неделата.
Во тој дел, Meta и другите технолошки компании водат пофлексибилна политика на работа од дома. Сепак, Apple овој месец објави дека работниците најверојатно ќе останат да работат од дома во иднина.
По укинувањето на рокот за враќање во канцелариите, тие најавија дека ќе дадат бонус од 1.000 долари на сите вработени во малопродажбата и техничката поддршка за да можат да купат домашна опрема и да им се заблагодарат за сите нивни напори во периодот на пандемијата.