Сојузот на германските општини предупреди на драматичен недостиг на медицинските лица во болниците, како и во областа на грижата за старите и изнемоштени лица и за децата.
– Нашите пресметки велат дека за неколку години ќе ни недостасуваат околу 230 000 воспитувачи во детските градинки и околу 300 000 негуватели, одговори директорот на организацијата Хелмут Деди.
Федералната Влада треба да преземе мерки за да привлече повеќе луѓе во социјалната сфера.
– Многу ни е потребна работна сила, која ниту можеме да ја најдеме во Германија, ниту можеме бргу да ја обучиме. Кога бејби-бум генерацијата (родени во периодот меѓу крајот на Втората светска војна и средината на 60-те години од минатиот век) ќе се пензионира, тогаш проблемот драматично ќе се продлабочи. Не само што овие луѓе треба да бидат заменети со помлад кадар, туку треба и да размислиме за фактот дека на многумина од нив ќе им биде потребна грижа, нагласи Деди.