![Кралицата бара квалитетен работник - Плата 26.800 евра годишно за 38 часа работа неделно](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f3/04a4c43f-resize-820x0x100.jpg)
Кралицата Елизабета Втора (95) бара нови квалитетни работници
Тоа беше објавено на официјалната веб-страница на “Royal Household”.
Ова се случува откако вооружен млад човек (19) се обидел да упадне во замокот Виндзор, каде во тоа време биле кралицата Елизабета, принцот Чарлс и Камила, па не е чудно што моментално им треба најважниот офицер задолжен за безбедноста за идниниот Британски крал и неговото семејство, пренесува хрватскиот портал 24 сата.
Британците нудат годишна плата од 22.390 фунти (околу 26.800 евра) за 38 часа работа неделно, а работат сите седум дена во неделата, пишува Дејли експрес.
„Ова е фантастична можност да станете дел од 300-годишната историја на палатата Кенсингтон и да ни помогнете да ги оживееме нашите фасцинантни приказни за сите наши гости, секој ден“, се вели во огласот за вработување.