Цената на биткоинот падна во текот на денешното тргување за речиси 5,0 отсто, спуштајќи се на петмесечен минимум под нивото од 40.000 долари, покажуваат податоците на порталот „КоинДеск“.
Најголемата криптовалута во светот падна на 39.558 долари, што е најниско ниво од 5 август 2021 година, пренесе Ројтерс.
Според најновите достапни податоци од пазарот, биткоинот е намален за 4,7 отсто, а неговата вредност е повеќе од 40 отсто под рекордното ниво од 69.000 долари забележано во ноември.