Нашата држава повторно е подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19 за Германија, објави на својата фејсбук страна Германската амбасада.
Оттаму велат дека за земјава ќе почнат да важат нови правила за влез на македонските граѓани во таа држава, кои се прецизно наведени на линк објавен од амбасадата.
Сојузната влада почнувајќи од 16.01.2022 година (00.00 ч.), Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19.
Германија ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА).