![К-15 ОД 100 И 500 ДЕНАРИ: Работници пријавиле 46 фирми кои не исплатите регрес](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cd/0f2fcfdc-resize-820x0x100.jpg)
Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15.
Пријавите се од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според НВО „Гласен текстилец“, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.