Се уште постојат места со вакви цени... Знаете ли некое слично место во Македонија?
Додека со денови гледаме огромни сметки од локалите во српските ски-центри каде што македонците се многу чести гости, каде за кафе и лимонада ви требаат повеќе од илјада динари (500 денари), газда Младен кој има локал во селото Котража во Србија и оваа зима руши рекорди. Ова село е вистинска зимска идила, опкружени сте со снег и прекрасна природа, а кафето чини 30 динари (15 денари), а ако сакате и газирана вода, сметката е за десет динари повисока.
- Се поскапе, а ние не. Поважно ни е да имаме редовни муштерии и да работиме, отколку да ги зголемуваме цените, а кафулето да е празно. Правиме по 100 кафиња дневно и не се жалиме. Поентата е дека не треба да сте алчни и мрзеливи и работите си доаѓаат сами по себе - вели Младен Равиќ од селото Котража.
Заедно со неколку кафиња, на гостите им се послужува локум и домашно слатко, а кога ќе помине денот полека се префрлаат на домашна ракија, која исто така има минимална цена. Корона вирусот го намали обемот на работа, но кафулето сè уште работи со полна пареа благодарение на љубезниот домаќин и добрата услуга.
- Заедно со кафето, мештаните сакаат да пијат и домашна ракија, а една чашка е 40 динари (20 денари). Во однос на Златибор или Копаоник, ние овде во селото поинаку гледаме на работите. Почитуваме квалитет, муштерии, инаку ќе останеме и без едното и без другото, затоа што живеам од тоа што ми доаѓа првиот сосед и други мештани, а на туристичките места си само минувач. За нас е важно клиентите во ова мало место да ни се вратат - вели Младен.
Знаете ли некое вакво место во Македонија? Пишете ни во коментар...