Во САД е спроведено истражување за потребите и желбите на 500 претставници на таканаречената генерација Z, на возраст од 18 до 24 години. Еве какви се резултатите:
Многупати се пишувало за милениумците и за генерацијата Z, како и за помладите работници кои се обидуваат да го променат пазарот на трудот, нивните идеи, иницијативи, но и услови/барања.
Родените помеѓу 1997 и 2012 година, се против традиционалните професии и сакаат да се занимаваат, односно сакаат да се занимаваат само со иновативни професии. Од друга страна, точно е дека оваа генерација сака компаниите во кои работат да разберат кои се нивните приоритети и зошто бараат повеќе, а потоа да отворат работни места кои ги исполнуваат очекувањата на младите (и идните) работници.
Со цел да се спречат различните митови кои кружат за нив, поврзани со работата, во САД е спроведено истражување за потребите и желбите на 500 претставници на генерацијата Z, на возраст од 18 до 24 години.
Целта беше да се открие што сака генерацијата Z и како компаниите можат да излезат во пресрет, со цел да се привлечат и задржат овие талентирани и креативни млади луѓе.
Истражувањето покажува дека платата на генерацијата Z е многу важна, бидејќи 61 процент од испитаниците изјавиле дека нивната плата и бенефиции се клучни.
Истражувањето ја истакна и далечинската работа, која се смета за предност кај помладата генерација.
Сепак, тоа не е пресудно за нив. Само 34% од испитаниците ја доживуваат работата на далечина како таква.
Изненадувањето е, можеби, уште една област што е важна за оваа генерација, а тоа е грижата за менталното здравје, бидејќи 51 процент од испитаниците го рангирале овој фактор меѓу 3-те најважни.
Значи, од ова заклучуваме дека работодавачите кои сакаат да вработат млади луѓе треба повеќе да внимаваат на менталното здравје и благосостојба.
Според студијата на Националниот институт за здравје, секој трет адолесцент, на возраст од 13 до 18 години, доживеал анксиозно растројство. Дополнително, бројот на самоубиства кај тинејџерите се зголемил за 56 отсто, меѓу 2007 и 2017 година.
Друга важна работа што ја сака генерацијата Z е платено боледување, како што е боледувањето посветено на грижата за сопственото ментално здравје. Очекуваат работодавачот да им понуди различни терапии и да ја нагласи рамнотежата помеѓу работата и слободното време.