На пазарите на криптовалути, биткоинот изгуби 7 отсто од својата вредност и се тргува на 33.600 долари. Цената на најголемата криптовалута во светот е повеќе од преполовена од максималните 69.000 долари достигнати во ноември минатата година.
Трговците велат дека институционалните инвеститори се обидуваат да ја намалат својата изложеност на криптовалути, но и на други ризични средства, како што се акциите.
Распродажбата им наштети на повеќето дигитални валути, а етерот, втората најсилна виртуелна монета во светот, се тргува на 2.260 долари, што е најниско ниво од јули минатата година.
Инвеститорите наведуваат дека продажбата на ризични средства се должи на зголемените очекувања дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки значително повеќе отколку што пазарот процени пред еден месец.