Истражувачите од Оксфордскиот универзитет откриле дека 55 болести се значително зависни од родениот месец. Видете од кои болести треба да се пазите според месецот во кој сте родени.
Јануари
Истражувањата покажуваат дека родените во јануари се со поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест, Кронова болест, срцеви проблеми или епилепсија.
Февруари
Познатите личности родени во февруари се Хари Стајлс, Џон Траволта. Ова само по себе сугерира дека ако тоа е вашиот роденден месец, вие дефинитивно носите уметничкакарактеристика во себе.
Кога станува збор за здравјето, истражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк, велат дека според тестовите кои ги направиле, родените во февруари е поверојатно да страдаат од проблеми со бронхиите или да развијат рак на белите дробови .
Март
Родените во март е добро да се хранат здраво, да вежбаат умерено и да внимаваат со приемот на масти. За нив се смета дека страдаат од специфични форми на кардиоваскуларни болести, за кои научниците сметаат дека можат да бидат предизвикани од постојано менувачките нивоа на витамин D.
Април
За луѓето родени во април е многу веројатно да страдаат од автоимуни болести, болки во градите и лимфом. Според некои статистики многу од априлските бебиња во подоцнежната фаза од својот живот стануваат алкохоличари и развиваат нарушувања во исхраната.
Мај
Истражувачите од Универзитетот во Колумбија откриле дека родените во мај имаат помал ризик да страдаат од хронични болести.
Јуни
За родените во еден од најубавите летни месеци – јуни, има зголемен ризик од проблеми со видот, во подоцнежната фаза од нивниот живот. Научниците сметаат дека тоа би можело да се должи на недостатокот на изложеност на сончева светлина во текот на раните фази на нивниот развој. Ако сте родени во јуни, пазете се од развојот на астма.
Јули
Родените во јули дефинитивно се поголеми оптимисти кон животот за разлика од оние родени во зимските месеци. Но, кај нив постои ризик од развој на аутизам и астма.
Август
Ако сте родени во август може да се радувате на добро здравје. Кај вас има најголем ризик од развој на очни инфекции.
Септември
За есенските бебиња се смета дека се со поголема веројатност да страдаат од различни сезонски инфекции, кои ако не бидат третирани навреме, може да имаат долгорочни штети врз здравјето. Исто така, тие се загрозени од појавата на астма, проблеми со ушите, проблематична бременост, респираторни инфекции.
Октомври
Студија на научниците од Универзитетот во Есекс утврдила дека бебињата родени во октомври и ноември се релативно силни и здрави. Според експертите ова може да се должи на фактот дека нивните мајки биле изложени на повеќе сончева светлина во текот на последните месеци од бременоста, и поради тоа имале доволно високи нивоа на витамин D .
Сепак кај нив ризикот од каснувања од инсекти, стомачни проблеми , нередовен месечен циклус, следродилна депресија и инфекции на градите е поголем.
Ноември
Истражувања покажуваат дека родените во ноември и јануари се служат подобро со левата рака, за разлика од родените во останатите месеци. Според други студии во ноември има најмногу родени сериски убијци и песимисти.
Што се однесува до здравјето, родените во овој месец имаат помалку шанси да страдаат од срцеви проблеми или рак на белите дробови. Сепак, добро е да се обрне внимание на исхраната, да се пазат од вагинални инфекции, воспаление на крајниците.
Декември
Ако вашиот роден месец е декември, пазете се од алергии, развој на астма и модринки.
lokalno.mk