![Од април: Бесплатен престој во градинките во Бугарија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/4e/807abee4-resize-820x0x100.jpg)
Од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен. Тоа денеска го најави премиерот на таа држава Кирил Петков по денешната владина седница.
– Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат125 отсто од просечната плата.
– Нема да има пензионер под прагот на сиромаштија, тврди бугарскиот премиер.
Тој додаде дека сите мерки за поддршка на бизнисот, како 60/40, остануваат најмалку во наредните шест месеци, а мерките за поддршка се задржуваат поради високите цени на струјата.