Министерство за транпорт и врски објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории грашани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски Брод.
На огласот имаат право да конкурираат 7 категории на лица, најпрвин децата без родители и родителска грижа и лицата над 18 години кои биле згрижени во институции за деца без родители, појаснија од Министерството за транспорт.
Апликантите треба да исполнат неколку услови, а документите може да ги поднесат во меѓуопштинските центри во Кочани и во Македонски Брод.
Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице:
- Државјанин на Република Македонија
- Со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и
- Без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Македонија
Корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:
- Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
- Корисници на социјална или постојана парична помош.
- Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
- Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.
- Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)
- Самохрани родители со малолетни деца и
- Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош
Огласот ќе трае до 6-ти август, а подносителот на барање за добивање на социјален стан може да аплицира само за една од седумте категории корисници.