ТАВ Аеродроми, денес, на 4-ти февруари 2022 година, ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод.
Тулуската Декларација е воведена од страна на француското претседателство со ЕУ, денес, на 4-ти февруари, како прв чекор во делот на јавно-приватната иницијатива, со цел поддршка на европското воздухопловство да достигне нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година.
Како членови на Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe), ТАВ Аеродроми во Турција, Северна Македонија, Грузија и Казахстан ја имаат честа да бидат на листата на потписници на ACI Europe на Тулуската Декларација.
Целта на европските аеродромите што ја имаат потпишано оваа Декларација е да се работи заеднички со клучните чинители во воздухопловната индустрија, со заедничка цел за намалување на емисии на јаглерод диоксид во животната средина и достигнување на нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година.
Оливиер Јанковец, Генерален директор на ACI EUROPE изјави: „Секој еден аеродром што ја потпишува оваа Декларација прави видлива разлика за нашата иднина како индустрија, како на економско така и на општествено ниво. Тие продолжуваат да демонстрираат амбиција, визија и извонредност во нивните одржливи активности. Мојот восхит и честитки за секој од нив.”
Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија изјави: „Како ТАВ Македонија чест ни е да бидеме дел од Групацијата ТАВ Аеродроми која се придружи на иницијативата предводена од 200 аеродроми низ географскиот регион на Европа и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се лидери во воздухопловниот сектор на патот кон декарбонизација на животната средина. Со потпишувањето на Тулуската Декларација и со следење на мапата на индустријата на ACI, како нивна членка, ќе работиме заеднички со сите воздухопловни чинители и засегнати страни за да ја постигнеме крајната цел – нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година.”
Тулуската Декларација го означува првиот пат кога европските влади, Европската Комисија, индустријата, синдикатите и други клучни чинители и засегнати страни и формално се усогласуваат за декарбонизација на воздухопловството.
Ова е момент од огромно значење, кој го отвора патот за конкретните следни чекори, како во воспоставувањето на Пактот на ЕУ за декарбонизација на воздухопловството, така и на глобално ниво, во периодот додека ICAO на Обединетите Нации постави глобална цел за меѓународното воздухопловство кон крајот на оваа година.
Аеродромите веќе подолго време се првите двигатели на предизвикот за декарбонизација на воздухопловството. Сега со речиси 200 европски аеродроми сертифицирани според Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод и речиси 400 аеродроми на светско ниво, работата кон достигнување нула емисии на јаглерод диоксид за операциите под контрола на аеродромите до 2050 година продолжува да остварува видлив развој.
Европските аеродроми заеднички го направија овој јавен подвиг во 2019 година, а оттогаш оваа поставена цел само дополнително се потврдува со голем број аеродроми кои што ги објавуваат мапите што ги водат кон оваа цел до 2030 година и бројните пионери што веќе беа присутни. Тие исто така активно учествуваат и се ангажираат со нивните деловни партнери и засегнати страни да ја унапредат декарбонизацијата на поширокиот систем на воздушен транспорт.
Потпишувањето на Декларацијата од страна на ACI EUROPE, пред се во нивно име, а потоа и како партнер во мапата на дестинации на воздухопловната индустрија за 2050 година (Destination 2050 aviation industry roadmap), сега е надополнето со индивидуалните чекори на преку 200 аеродроми од целиот континент со ставањето на нивните потписи.