Новиот европски технолошки фонд официјално ќе биде објавен утре, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Ќе биде вреден милијарда евра, што ќе му овозможи на европскиот технолошки сектор да се натпреварува со оној на САД и Азија.
Ле Мер за новиот фонд зборуваше на настан за плановите на Франција во областа на дигиталната политика. Франција во моментов претседава со Советот на ЕУ.
Францускиот министер за финансии истакна дека Европа треба да стане помалку технолошки зависна од индустриските лидери од другите континенти.
– Новиот фонд ќе комбинира 10-20 постоечки фондови и на тој начин ќе има „минимум милијарда евра за финансирање технолошки компании”, рече Ле Мер.