Хрватската влада донесе одлука да ги замрзне цените на горивата, а со тоа и да ги ослободи граѓаните од овој ценовен шок.
Замрзната е и цената на нафтата за домаќинствата. Со овој чекор треба да се заштитат граѓаните на Хрватска од поскапувањата што се неминовни.
„Имајќи го предвид очекуваниот раст на цените на нафтените деривати, одлучивме повторно да донесеме одлука за лимитирање на цените на ‘евросуперот 95’ на постојните 11,37 куни (1,51 евро), значи тоа е цената што е околу две-три недели и таа ќе остане во следниот месец, и на дизелот на 11,29 куни (1,50 евро)“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Тој додаде дека ова се прави со цел да се заштити стандардот на граѓаните што се погодени од поскапувањата и намалувањето на економијата поради ковид-кризата.
Цената на горивата ќе остане иста во наредниот месец по што ќе се види дали ќе треба да се преземат дополнителни чекори.