Вработените сега почесто го доведуваат во прашање нивниот став кон работата. Работниците имаат многу поголеми очекувања од работодавачите повеќе од било кога.
Навлегувајќи во третата година од пандемијата, можеме да заклучиме дека пазарот на трудот денес изгледа значително поразлично отколку пред кризата.
Со рекордни 4,5 милиони Американци кои поднесоа оставки само во ноември, многумина овој период на огромни промени го нарекоа “Голема оставка”. „Но, оние кои го претпочитаат терминот Голема реорганизација, кој попрецизно ги карактеризира големите промени во сите аспекти на работата што ги надминуваат само стапките на напуштање.
Работниците имаат многу поголеми очекувања од работодавачите од кога било досега. За да биде сликата појасна, во март 2020 година, само една од секои 67 платени работни места во САД, објавени на LinkedIn, нудела работа на далечина. До почетокот на 2022 година, тој број значително се зголеми: сега е приближно еден од шест. Според извештајот, ваквите работни места привлекуваат повеќе од 2,5 пати поголем удел во апликациите за работа во споредба со работните места кои вклучуваат одење во канцеларија. И покрај тоа што роковите за враќање во канцеларија се уште се менуваат, работниците не покажуваат помал интерес за хибридни опции или „далечински“.
Според анкетата 87% од вработените би сакале да бидат отсутни барем половина од времето, дури и откако е безбедно да се вратат на своите работни места. Во сè поконкурентна средина за вработување, работодавачите во многу сектори треба да ги преиспитаат своите работни политики и пристапи кон работата, со цел да го задржат овој растечки интерес за работа на далечина и флексибилно работење.
Додека најновите податоци покажуваат дека бројот на вработени што ги напуштаат своите работни места вртоглаво расте, особено кај многу индустрии на првата линија, стапките на вработеност исто така се зголемени.
Борбата за таленти стана жестока, а во многу сектори предност имаат вработените. Повеќе од кога било досега, работниците ги користат своите вештини и искуство за да бараат повеќе од нивните работодавачи и да го добијат она што го сакаат.
Генерално, забележливо е и дека барателите на работа станаа попребирливи - и се подготвени да чекаат и да го бараат совршеното решение, повеќе од порано.