За Ferrari, 2021 година беше најдобрата кога станува збор за продажбата. Тоа во својот џеб го почувствуваа и вработените во оваа италијанска компанија, кои добија бонус од 12.000 евра.
Откако во 2021 година продаде 11.155 автомобили низ светот и со тоа за 22,3% ја надмина бројката во 2020 година, на вработените во Ferrari им е поделен бонус во висина до 12.000 евра. Продажбата е подобра и во однос на периодот пред пандемијата, поточно од 2019 година.
Од Ferrari потврдија дека имаат нарачки до 2023 година, а кога станува збор за резултатите од продажба очекувањата се особено големи поради фактот дека наскоро ќе биде претставен новиот Ferrari Purosangue.
Побарувачката за Ferrari автомобили е особено висока во Европа, на Блиски Исток и во Африка, доставени се 5.492 автомобили,
Скоро 3.000 автомобили се продадени во САД, додека во Кина, Хонгконг и Тајван автомобили купиле 899 купувачи, што е раст за 97% во однос на 2020 година.
Најпопуларни се моделите со V8 мотори, додека опадната е побарувачката за модели со V12 мотори.
извор: kajgana.com