Градинките во државата веќе година и пол се отворени за згрижување деца под посебни протоколи во време на пандемија. Директорките на неколку градинки велат дека во некои од нив нема доволно место за да се примат сите деца, па поради тоа листите за чекање се полни, а од друга страна, родители кои си ги запишале децата, се плашат да ги носат заради ковид.
Градинките најпрво беа отворени пред училиштата. Немa некои посебни проблеми. Хигиената е на највисоко ниво. Доколку децата имаат некои смптоми треба навремено да се реагира. Градинките ги почитуваат протоколите за работа.
Согласно правилата, во јасли групите може да бидат згрижени најмногу до 15 дечиња, а во групите каде има деца на возраст од 2 до 6 години може да има максимум 25 деца.
Секоја година овој период е намален бројот на деца, но сега деновиве се зголеми бројката. Отсуствата не се случуваат само поради ковид, има и настинки и други вируси. Со протоколот сега и не смее да се примаат повеќе деца од предвиденото. Но, се надеваме дека набрзо ситуацијата со пандемијата ќе се реши па овој проблем ќе се реши.
извор: meta.mk