Фирмите ги бараат, но, на пазарот на трудот електро инженерите се помалку се присутни. Од Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) велат дека студенти има. Ако порано се запишувале околу 350, сега годишно има близу 300 студенти, но за жал по завршувањето на студиите, младите заминуваат во странство и немаат желба да се вратат.
За жал, повеќе се ценат надвор, во другите држави отколку тука. Им се нуди развој, а тука ќе работат како мајстори долги години. Има многу малку компании кои создаваат нови производи, најчесто се фирми кои работат од производство, а во странство работат на иновации и тоа на младите им е предизвик. Тука нема развој , нема истражувања, младите не гледаат иднина. Заминуваат и ретко кој од нив одлучува да се врати. Уште еден проблем е и тоа што тука постојано се зборува за евтина работа сила.
Се она што им се нуди на студентите тука за да бидат во чекор со глобалните трендови, самите факултети успеале да го озвоможат. Според Ташковски, факултетите како институции го даваат својот максимум но, не можат сами и потребно е државата повеќе да се вложи.
И познавачите на пазарот на трудот велат дека освен ниските примања, од друга страна голем проблем за дефицитот на одредени кадри е и тоа што доста добар дел од младите кога ќе излезат од факултет немаат пракса, а сакаат одма да се вработат и да бидат добро платени.
Не работи дипломата, туку човекот. Завршуваат факултети и одма сакаат да се вработат и да бидат платени. Без праска, без искуство, само со знаење од книга, не може да дојде и да чека плата од 1.000 евра. Тука има фази кои треба да се поминат, работата не е едноставна. Електроинженери не може да почнат да работат одма како такви, мора да почнат како мајстори, па потоа да се усовршуваат и да напредуваат. Мора пракса но, за жал, во нашите образовни институции нема учебници, а не простории каде ќе може студентите да поминат практична настава.
Според познавачите, лошо е и тоа што наместо да се најде решение за состојбата, 30 години само се зборува. Постојано алармираат дека треба да се направат промени во образовните програми, затоа што на некои факултети програмите се стари. Има факултети каде се учат непотребни предмети, а тоа што е потребно го нема. Ако не почне да се реагира, стравуваат дека иселувањето не само на младите туку и на оние повозрасните ќе продолжи, а бизнисот и натаму нема да може да ги најде соодветните работници. Во моментов голем дел од компаниите надеж гледаат во дуалното образование.
извор: denar.mk