Управата за јавни приходи на 30.07.2018 година ќе одржи јавна аукција на кој ќе бидат понудени голем број движни и недвижни предмети по распродажни цени
На аукцијата ќе се нудат околу шеесетина предмети запленети од даночни обврзници меѓу кои се наоѓаат: деловни простории, автомобили, компјутери. телевизори, машини за шиење, уметнички слики...
За детален преглед на целата листа на предмети и цени по кои истите ќе бидат распродадени, кликнете тука.
За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукици кои ги организира Управата за јавни приходи кликнете тука.
Последен ден за пријавување на аукцијата е 23.07.2018 година.