Вработените можат, според односот кон работата, да се поделат во два групи: оние кои работат зошто сакаат да работат и оние кои работат исклучиво за привилегии.
Во зависност од тоа во која група вие спаѓате, ќе зависи и тоа дали токму вие ќе бидете личноста која вашиот шеф ќе ја унапреди.
1. Работници за привилегии
Тоа се вработени кои нон-стоп сакаат да знаат кога ќе добијат покачување на платата, унапредување или нешто што е во нивна корист. Тие никогаш не остануваат прекувремено, па по нив може да се навие часовникот бидејќи се јасни показатели на крајот на работното време.
2. Работохоличари
Тоа се вработени на кои можете да сметате. Тие се секогаш со своите колеги и шефови. Овој тип на работници се грижи за тоа работата да биде завршена, не задржувајќи се само на својата задача, туку работејќи и надвор од неа каде и да можат да помогнат и кога е потребно да помогнат. Тие го преземаат притисокот од своите шефови. Тоа е тип на вработен кој вели: „Ќе ме пуштиш ли јас да се погрижам за тоа, па така ти ќе можеш да се фокусираш на нешто друго?“. Ова се токму работниците кои работодавачите сакаат да ги унапредат. Освен меѓу директорите, овие работници уживаат голема почит и од останатите вработени. Тие ќе забележат кога некој нивни соработник има некои приватни проблеми и ќе се потрудат во секој момент да му помогнат.
Немојте да разберете погрешно. За да ве унапреди вашиот шеф вие не треба да останувате секој ден прекувремено на работа и да ја работите работата на сите, туку да имате работна етикета која вели: „Еј, ако нешто треба да се направи јас сум тука да помогнам“. Вредните и совесните работници секогаш ќе го добијат тоа што го заслужуваат.