Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за Мерката 2.2 Вработување и раст на правни субјекти, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден16.04.2018 година се објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до
работодавачите од микро, мали, средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации
Се повикуваат работодавачите од микро,мали, средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на АВРМ.
Мерката за поддршка се однесува на микро,мали и средни претпријатија како и на социјални претпријатија (претпријатија и граѓански организации кои примарно се насочени кон социјални / општествени цели и чиј профит се реинвестира за остварување на тие цели низ деловно работење или вложување во заедницата) и граѓански организациикои ги исполнуваат следните услови и критериуми:
- Вкупниот број на работници на неопределено време на денот на аплицирање не треба да биде понизок од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година;
- На денот на аплицирање да ги има подмирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Да нема финансиска загуба во претходната година;
- Работодавачот мора да има најмалку едно вработено лице во континуитет најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации кои во моментот на аплицирање можат да немаат вработено лице;
- Бројот на ново вработени лица со мерката не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година. Работодавач кој има едно вработено лице и кај граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице, максималниот број на поддржани вработувања изнесува едно лице.
- Програмата нема да поддржува правни субјекти регистрирани по 01.07.2017 година. Исто така корисниците (правни субјекти) на оваа програма нема да можат да користат друга мерка по исти или слични основи пропишани со посебен закон или по однос на други програми на Владата на Република Македонија и други надлежни државни органи
(Агенцијата за вработување по службена должност ќе ги обезбеди горенаведените податоци за правните субјекти кои ќе аплицираат на јавниот повик)
Финансиската поддршка по едно ново отворено работно место (најмногу до 5 нови отворени работни места по фирма) опфаќа исплата на неповратни средства за набавка на нова опрема и/или материјали во висина од 153.750 денари (за секое ново отворено работно место), со обврска работодавачот ново вработените лица да ги задржи во работен однос со полно работно време најмалку 12 месеци (за лица до 29 години) или 92.000 денари (за секое ново отворено работно место), со обврска работодавачот ново вработените лица да ги задржи во работен однос со полно работно време најмалку 9 месеци (за лица постари од 29 години) од денот на вработувањето, без да го намали вкупниот број на вработени на неопределно време.
Условите, правата и обврски, поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу работодавачите и АВРМ.
Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (www.avrm.gov.mk) и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (www.mtsp.gov.mk).
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА