![Австралија по две години ги отвора сите свои граници](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/97/192aec79-resize-820x0x100.jpg)
„Чекањето заврши“, рече премиерот Скот Морисон на неделен брифинг на меѓународниот аеродром во Мелбурн
Сите патници можат да влезат во Австралија од понеделник, а целосно вакцинираните туристи нема да мора да останат во карантин.
Отворањето на Австралија за туристите се оценува како најјасен показател за напуштање на строгиот пристап во борбата против коронавирусот и посветеноста на соживот со вирусот и промовирање на вакцинацијата.