Веројатно знаете дека не треба да консумирате премногу кафе доколку имате висок крвен притисок, но веројатно не знаете дека и овие симптоми можат да бидат знак дека претерувате со кафето. Нутриционистите и лекарите имаат издвоено три симптоми, од кои едниот е исклучиво поврзан со жените.
„Внесувањето кафе понекогаш ни го имитира чувството на ситост. Кога ќе испијат кафе, некои луѓе се чувствуваат сити и може да го прескокнат појадокот, грицките или некој друг оброк. Но, кога ефектот на кофеинот нагло ќе престане, вашиот стомак е целосно празен и добивате вистински напад на глад. Затоа следниот оброк ќе биде многу пообилен отколку што треба, бидејќи сте прегладнети“, вели Јунан Брико.
Долгорочно, ваквото внесување кафе ќе доведе до зголемување на килограмите, бидејќи го „лажете“ стомакот да мисли дека е полн, а потоа јадете јадете ненаситно, што воопшто не е здраво.
Знаци на зависност кога не пиете кафе се главоболка, намалено ниво на енергија, поспаност, но и депресија и симптоми слични на грип. Ќе ви биде потешко да се концентрирате, особено ако сте на работа, а ако така се чувствувате секое утро, мора итно да го намалите внесот на кофеин.
Веројатно не сте знаеле дека кафето може да се вклучи во овој проблем? Нутриционистката Аби Вичил вели дека неправилниот, па дури и отсутен циклус, може да биде знак за прекумерно внесување кафе.
„Овој проблем особено го имаат жените кои се на диета, кои го мамат желудникот за да биде сит или користат кафе за да имаат повеќе енергија. Кафето на празен стомак влијае на хормоните, особено на кортизолот. Тој наутро е покачен, а кога не сме јаделе храна, шеќерот ни паѓа, што ќе предизвика телото да лачи уште повеќе кортизол. Многу високо ниво на кортизол ќе испрати сигнал до мозокот да ги запре сите процеси кои не се важни бидејќи е во наводна опасност. За жал, меѓу нив е и дел од репродуктивниот систем на органи, бидејќи мозокот нема да дозволи потенцијалниот фетус да биде во опасност“, објасни таа.