Доколку сте на интервју за работа, менаџерот во рок од 30 секунди ќе донесе одлука дали ќе ве ангажира или не.
Оваа статија е со цел да ви помогне да ги избегнете вообичаените грешки кои создаваат лош прв впечаток и ви помогне да ги зголемите вашите шанси за пронаоѓање работа, пријатели, клиенти или животен партнер.
Во продолжение погледнете ја листата со совети преку кои ќе дознаете како најдобро да го искористите својот момент.
ВНИМАВАЈТЕ НА СЛАБО РАКУВАЊЕ
Млитавото ракување може да биде убиец на првиот впечаток. Истражувањата покажуваат дека за луѓето со лабав стисок при ракување постои перцепција дека се анксиозни, помалку отворени и без никаква способност. Уште една честа грешка што луѓето често ја прават е времетраењето на ракувањето. Раката на другиот треба да ја држите околу 2 секунди.
ПРАВИЛНА ПОЗИЦИЈА НА РАКАТА
Рацете никако не ги ставајте во џеб бидејќи така изгледате како нешто да криете. Ако ги позиционирате рацете на маса, немојте да ги стиснувате или пак да ги вртите со дланките кон долу бидејќи на тој начин излгедате како да сакате да ја контролирате личноста која ве интервјуира.
НИКАКО ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ
Првиот впечаток кој ќе го оставите е дека сте незрели и несериозни.
“EYE CONTACT”
Контактот со очите е многу важна алатка за оставање на добар прв впечаток. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои воспоставуваат добар контакт со очи во текот на разговорот создаваат перцепција за себе дека се самоуверени и интелигентни. Од друга страна, тие коишто го избегнуваат овој контакт се сметаат за помалку искрени, помалку привлечни и анксиозни.
НЕ ЗА ИГРАЊЕ СО КОСАТА
Играњето со коса може да испрати погрешен сигнал на личноста со која разговарате. Иако често се користи како техника за флертување, таа не е препорачлива на интервју.
ВНИМАВАЈТЕ НА ПОГРЕШНИ ТЕМИ НА РАЗГОВОР
Постојат некои теми за разговор кои нема да ви помогнат да оставите добар впечаток: здравствени проблеми, пари, религија, бивши шефови или бивши партнери, политика, личен живот и проблеми.
ГАРАНТИРАЈТЕ ГО ЛИЧНИОТ ПРОСТОР
Физичкиот простор е растојание помеѓу вас и личноста со која разговарате. Најдобро е кога просторот помеѓу двете лица е на оддалеченост од 60 до 120 cm.
ПРИГУШЕТЕ ГИ ЗВУЦИТЕ КОИ ОДВЛЕКУВААТ ВНИМАНИЕ
Звуците кои може да произлезат од крцкање на прсти, зглобови и слично може да биде одбивен за другите.
ЧЕСТО ГЛЕДАТЕ ВО ЧАСОВНИКОТ ИЛИ МОБИЛНИОТ, ПРОМЕНЕТЕ ГО ТОА
Просечна личност го проверува својот телефон дури 110 пати дневно. Меѓутоа, кога го правите тоа на разговорот за работа изгледате како да сте нестрпливи и како да не ви значи целото интервју бидејќи чекате да заврши.
НЕ ДОЦНЕТЕ
Доцнењето секогаш остава впечаток на неодговорност.
Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да ја најдете работата која ја посакувате!