Просечната цена за метар квадратен во станови во нови згради во Белград, во последните 5 години поскапеле и за повеќе од 500 евра.
Стан од 50 метри квадратни во белградската општина Вождовац во 2017 година можел да се купи за 75.000 евра, додека денес за имот од истата површина треба да се издвојат околу 96.500 евра.
Секој што купува недвижности на Балканот е веројатно исфрустриран бидејќи цените вртоглаво пораснале, а не е реткост и старите, ненаместени и мали станови да се продаваат за превисоки суми. Доколку моментално барате нов дом, можеби ќе се чувствувате полесно кога ќе погледнете што се нуди во Лондон за 60.000 евра.
Британската метропола е позната по екстремно високите цени на недвижностите, без разлика дали изнајмувате стан или планирате да купите. Во Лондон моментално има само седум квадратни метри на аукција со почетна цена од дури 60.000 евра.
London’s smallest microflat up for sale at £50,000 for 7 square metres https://t.co/XcYPifWuEZ
— The Guardian (@guardian) February 17, 2022
Се верува дека овој еднособен „стан“ ќе достигне повисока цена од оваа минималната. Имено, станот е продаден во 2017 година по неверојатна цена од 123.000 евра.
Станот има кревет, микробранова печка и бања. Неговите продавачи сметаат дека тоа е најмалиот стан кој излегол на пазарот во главниот град. Просторот помеѓу креветот и ѕидот е отприлика доволно широк за да ги раширите рацете, а има и маса за преклопување за јадење или работа. Тоалетот и тушот се во посебна просторија.
Сопственикот веќе ја надокнадил својата инвестиција добивајќи 800 фунти за кирија секој месец. Сегашниот станар поголемиот дел од времето го поминува живеејќи на друго место и поминува само една или две ноќи неделно во станот бидејќи е поблиску до работа.