Стопанската комора денеска побара итна средба со министерот за економија со цел, наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало, а коешто треба почне да се применува од почетокот на следниот месец.
Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Ако не се направи корекција на листата трговците на мало, според информацијата од Комората, компаниите ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.
Од 1-ви следниот месец до 31- мај годинава највисоката трговска маржа на продажната цена пресметана во трговијата на големо ќе изнесува до пет проценти, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало. Мерката се однесува на: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи претходната валдина одлука за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи.
извор: skopskoeho.mk