Учениците што се во завршна година ќе полагаат државна матура во јуни. Во Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека веќе се при крај со организациските подготовки за испитот на зрелоста. Годинава ќе има новини само во однос на изработката на проектната задача, а по останатите предмети полагањето ќе остане исто.
Во однос на проектните задачи кои треба матурантите да „ги бранат“ во училиштата, ќе има промени годинава.
Нема повеќе напишан есеј со копи-песјт изваден материјал од Интернет, туку целта на проектната задача е учениците да имаат некакви продукти од таа нивна активност. Дали тоа ќе биде нешто во вид на видео, некакви други активности во училиште или некое истражувања, тоа ќе биде нивен избор. Секој матурант ќе треба својот труд да го презентира внатре во училиштата“.
Минатата година беше најавен сосема нов концепт на полагање државна матура, а главната новина која ќе стартува од 2025 година, е дека посебен ќе биде матурскиот испит за учениците од гимназиско образобание, а посебен за оние во средното стручно образование.
Во извештајот за резултатите од последниот матурски ипит кој се спроведе лани, пишува дека според повеќегодишното искуство во реализацијата на овој испит, потребно е да се направат измени во Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државната матура во гимназиското, стручното и уметничкото образование.
извор: meta.mk