Брендот LEVI’S е познат по сините тексас фармерки, а логото на компанијата е препознатливо низ целиот свет.
Иконското лого е дизајнирано од Волтер Лендор во 1967 година и се користи во брендирањето на компанијата сè од 1969 година. Поради обликот на логото, го добил својот прекар “batwing” затоа што изгледа како лилјак што ги шири крилјата.
Историчарката на Леви Штраус, Трејси Панек, изјавила дека дизајнот може да се види на џебовите на познатите фармерки 501.
Луѓето ширум светот можат да купат дуксери, маици и елеци со култниот црвен симбол кој е дел од колекцијата Batwing. Родителите можат да купат дури и сет за бебиња за новороденчињата и сандали со логото. Купувачите исто така можат да купат облека што го содржи логото во различни бои, вклучително и црно-бело.
Но, Levi's е познат по своето црвено лого и се смета дека бојата симболизира самодоверба и моќ. Формата на логото е правоаголник за која некои велат дека изразува стабилност. Белите задебелени букви на компанијата претставуваат јасност, чистота и едноставност, според блогот LogoMyWay.
Германскиот имигрант Леви Штраус го основал брендот за облека во 1853 година, а неговото седиште е во Сан Франциско.
Во периодот помеѓу 1892 и 1925 година, два коњи кои влечат фармерки во различни насоки биле претставени како дел од брендирањето и рекламата на дизајнерот – и се сметало дека со тоа се претставува издржливост и квалитет.
Levi’s не е единствената компанија која има историја зад своето лого.
СКРИЕНО ЗНАЧЕЊЕ
Иконското лого на Paramount Pictures, кое прикажува планина со 24 ѕвезди, е исто така покриено со мистерија. Истражувачите тврдат дека се заснова на сеќавањата од детството на основачот на компанијата Вилијам Водсворт Ходкинсон.
Ходкинсон, запаметен како „Човекот кој го измислил Холивуд“, наводно самиот ја нацртал скицата на „Величенствената планина“, базирајќи ја на планината Бен Ломонд во Јута.
Ѕвездите на логото наводно се за 24-те актери кои потпишале договор со филмското студио во 1916 година.
Првичната идеја била да продолжи да додава ѕвезди на логото бидејќи почнале се повеќе ѕвезди да склучуваат договори со студиото, но со оглед на неговиот успех, таа идеја била отфрлена.
Легендата сугерира дека симболот прво бил нацртан на салфетка. Првично ја покажувало планината на црна позадина со името на компанијата и ѕвезди над неа. Планината последователно била зголемена бидејќи дизајнот го направиле поголем. Но, бројот на ѕвезди се намалил од 24 на 22 бидејќи логото било адаптирано.
Мистеријата позади логото на Macy's
И приказната зад логото на врвната стоковна куќа Мејси (Macy’s) може да се проследи наназад до тетоважата што нејзиниот основач ја ставил.
Филантропот Роуланд Хаси Мејси наводно направил тетоважа на ѕвезда додека бил на експедиција на бродот за ловење китови Емили Морган. Некои тврдат дека Мејси била навигатор на бродот и дека ѕвездата очигледно му помогнала да го води низ условите за магла.
Портпаролот на Мејси, Орландо Верас, рекол: „Тој сигурно имаше тетоважа со црвена ѕвезда на раката, што подоцна стана инспирација за актуелната верзија на Мејси“.
Ѕвезда првпат го замени апострофот пред буквата S во брендирањето на продавницата во 1949 година. И, црвениот симбол првпат се појави во рекламирањето и брендирањето на компанијата во 2004 година и оттогаш остана истиот.
The Sun, исто така, откри како логото на Тојота се чини дека содржи генијална скриена порака со буквите од името на брендот што го сочинуваат симболот.