![До 2040 година во океаните ќе има трипати повеќе пластика отколку сега](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2e/85df46e2-resize-820x0x100.jpg)
Почнаа преговорите за глобален договор чија цел е да се реши прашањето со епидемијата на пластичниот отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најбитниот мултилатерален пакт.
Се предвидува дека до 2040 година количината пластичен отпад кој ќе се најде во океаните ќе се згокеми трикратно, а на владите ќе се врши притисок да се обединат и да го усвојат глобалниот договор.
Земјите - членки на ОН, вклучувајќи ги и големите производители на пластика како САД и Кина, одобрија рамка за глобалниот договор за стопирање на загадувањето со пластика и за формирање меѓувладин преговарачки одбор кој ќе се фокусира на конечниот договор.
Одговорните лица велат дека рамката за глобалниот договор на преговарачите им дава широк и силен мандат за разгледување на новите правила за стопирање на загадувањето од нејзиното настанување како суровина преку производството до безбедното складирање. Тоа може да вклучува и ограничување на производството на нова пластика од нафта и гас, иако деталите ќе бидат договорени во текот на пореговорите.
ОН предупредуваат дека стапката на производство на пластика расте побрзо отколку кој било друг материјал и се предвидува дека ќе се дуплира во наредните дваесет години. Помалку од 10% од пластиката се рециклира, а најголем дел завршува на депонии или во океаните. Според некои проценки, секоја минута од морињата и океаните се вади цел камион пластичен отпад.
извор: inovativnost.mk