Медицинските сестри од Клиничкиот центар ќе добијат зголемување на недоместот за ноќен труд за 160 денари.
Самостојниот синдикат на клиничките центри, каде најмногу членуваат медицински сестри од скопските клиники, но и медицински сестри од болниците во Тетово, Куманово, Бардовци, Кичево, Струга, денес го прифати предлогот на Министерството за здравство за зголемување на коефициентот на ноќниот труд на медицинските сестри од 0,29 на 0,50.
Д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри, вели дека првичната понуда од Министерството за здравство коефициентот да се зголеми на 0,40 или сестрите да добијат само плус 80 денари не го прифатиле.
Целата вест може да ја прочитате на следниот линк.