Високите цени на горивата направи таксистите да возат без попусти, по полна цена на таксиметрите, која е стара 11 години. Последните поскапувања на горивата ги стави таксистите да изнајдат начин како да опстојат, затоа што се зголемија и цените на резервните делови и опрема за автомобилите. Не е проблем само драстичното поскапување на горивата, туку и нелојалната конкуренција.
Имате пензионери што возат такси, нелиценцирани возила, возила без фискални сметки. Одамна апелираме дека решението е да се активираат инспектори на терен, затоа што ако ја покачиме цената на такси превозот, таксистите ќе нема кого да возат. Ако ги тргнеме „дивите таксисти“ ќе имаме расчистување на сообраќајнот метеж, изјави претседателот на Групацијата на автотакси превоз.
извор: lokalno.mk