На денешната седница на Владата прифатени се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од КОВИД-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).
Согласно овие предлози Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на КОВИД-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови. Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од КОВИД-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат. Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија. Останува уште мерката задолжително носење маски во затворени простории за што Комисијата за заразни болести најверојатно ќе разговара на утрешниот состанок.Полека се укинуваат мерките:Не треба сертификат за влез во мол
Aktualno
-
Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна прослава
Коордеа, водечка шведска аутсорсинг компанија со седиште во Стокхолм и канцеларии во Тетово и Скопје на 1 ноември 2024 година ја прослави својата 15-та годишнина со незаборавен настан, на кој беа одбележани достигнувањата и успехот на компанијата. Основана во 2009 година, Коордеа прерасна од специјализиран снабдувач на сметководствени услуги за Нордискиот пазар во компанија што нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи ИТ, маркетинг, дизајн, логистика и продажба.
-
Почна сезоната на чварките – еден грам чини еден денар
Во скопските месарници почнаа да се продаваат свежо подготвени домашни чварки, направени од чисто свинско месо и по традиционален рецепт.
-
Вештачка интелигенција на работното место: Дали „Microsoft Copilot“ полека ги заменува вашите колеги?
Неколку недели откако ги направи „Copilot AI“ функциите бесплатни за „Microsoft 365“ (наследникот на „Office“) за корисниците во одредени делови од Азија и Океанија, „Microsoft“ на конференцијата „Ignite“ објави дека значително ги проширува можностите на „Copilot„ и „AI“ во своите апликации.
-
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
-
Кажете го вашето мислење и освојте награда!
Добиј гратис викенд со одговор на едно прашање!
-
Оваа година, новогодишната реклама на Coca-Cola ја создаде вештачката интелигенција
Секое зимско време, светот со нетрпение очекува да ја види познатата реклама на Coca-Cola, која не само што ја обележува празничната сезона, туку и создава чувство на топлина и радост. Оваа година, компанијата направи значаен пресврт во својата традиционална реклама, користејќи вештачка интелигенција за создавање на целосно нова приказна.