Владата ја намали повластената стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти на клучните продукти односно на лебот, шеќерот, брашно тип 400, сончегледово масло, трајно млеко свежо месо, ориз и јајца, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ова е една од мерките кои се усвоени на денешната владина седница. Пакетот од 26 мерки и препораки, како што рече, содржи мерки за заштита на животниот стандард и мерки за компаниите преку развојната банка
Со намалувањето на ДДВ, вели Ковачевски се спречува наднормален профит и се штити стандардот. Владата испланиралада даде ваучери по 1.000 денари за три месеци на 35.000 граѓани за купување основни производи
Се укинуваат царинските давачки за увоз на прехранбени производи, соопшти Ковачевски.
Рече и дека ќе има субвенции за пензионерите од 1.000 денари за 3 месеци за купување на основни производи.
Ќе се одложи воведувањето на еколошката такса.