Иако Драга била докторка по медицина во Цирих, а и воен поручник, оваа храбра жена не можела да најде работа во државната служба. Машките колеги и завидувале, немала право на зголемување на платата и пензијата, но направила една работа што никој од нив не ја направил
Драга Љочиќ е родена во Шабац на 22 февруари 1855 година. Таа била првата српска докторка, феминистка и членка на движењето за еднакви избирачки права на мажите и жените.
Завршила училиште во Шабац, а дипломирала медицина на Универзитетот во Цирих.
Уште од почетокот на својата медицинска кариера, Драга морала постојано да се бори со ставовите на нејзината околина, која не можела така лесно да прифати дека една жена може да биде лекар.
Покрај стручното знаење, Драга покажувала и голема храброст и патриотизам. Учествувала во Српско-турската војна како медицинска сестра, по што станала првата жена со чин на потпоручник.
Подоцна учествувала и во балканските војни, како и во Првата светска војна.
Сепак, и покрај сите овие достигнувања, Драга отсекогаш наидувала на завист и отворено непријателство од машките колеги. Иако Драга била докторка по медицина во Цирих, а и воен поручник, оваа храбра жена не можела да најде работа во државната служба. Со најразлични изговори нејзините барања секогаш биле одбивани.
Дури кога кралицата Наталија почнала да посредува за Драга, ѝ било дозволено да посетува приватна пракса. Во државната служба се вработила неколку години подоцна, но само како медицински асистент.
Иако после пожртвуваноста во војната била унапредена во секундарен лекар, нејзините права биле помали од правата на нејзините машки колеги. Платата и била помала, без можност да добие покачување, а немала ни право на пензија.
Нејзината кореспонденција со тогашното МВР може да се толкува како придонес во историјата на борбата за родова еднаквост на овие простори.
Единствено, само за време на војната Драга Љочиќ била изедначена со колегите од машкиот пол. Во српско-бугарската војна од 1885 година, таа работела како единствен лекар во три болници во Белград.
Драга била и голем заштитник на децата, а често ги лекувала и бесплатно. Таа го основала здружението Матрин, во кое се грижеле за напуштените деца.
И покрај големите и често неуспешни борби, животот на Драга Љочиќ ќе остане едно од најдобрите сведоштва за тоа како биле третирани жените во Србија во 19 век.
Една година и Гугл го одбележа раѓањето на српската докторка Драга Љочиќ, посветувајќи ѝ ја почетната страница.