Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, изјави денеска министерот за економија.
Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. Министерот сооошти дека стапува во сила забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.
За време на викендот или на почетокот од идната недела ќе има конкретни резултати од анализата како се применува Одлуката на терен.
Најважно е што Одлуката е донесена во целосна соработка со коморите и е потврдено дека ќе биде одржлива по барање на големите ланци, трговците на мало и на големо, истакна министерот.
извор: sitel.com.mk