Сите знаеме кои се лоши вработени: не работат доволно и не работат добро, не функционираат во тим, не можат да постигнат се што се очекува од нив. Но, она што е чудно е дека очигледно лошите вработени не можат да предизвикаат реални проблеми.
Реалните проблеми ги предизвикуваат оние вработени кои се прикажуваат како да работат добро додека за тоа време всушност се однесуваат како „подмолен рак“, тие полека ја уништуваат работата на другите вработени, нивниот став, морал – а покрај тоа и вас, вашиот бизнис.
Ова се не така очигледните знаци за подмолните вработени кои всушност ја уништуваат вашата компанија:
1. Тие први започнуваат и тие шират трачеви
Ваквиот вид на вработени создаваат вистинска култура на озборување, и не само што времето кое треба да гo трошат на попродуктивни работи го трошат залудно, туку предизикуваат и другите помалку да ги почитуваат колегите. Прават караници и раздор во компанијата.
2. Тие држат „состанок“ по состанокот
Имате состанок, се зборува за некои работи, и се споделуваат грижите. Некои одлуки се донесуваат. Сите потполно ги поддржуваат тие одлуки. А потоа подмолниот работник „држи состанок по состанокот“. Тогаш тоа лице говори за работите кои не ги споделило во групата. Не се согласува со донесените одлуки и постојано негодува на „тајниот состанок“ кој вушност го одржува пред еден дел од личностите кои биле на реалниот состанок. Тоа ја поткопува целосно компанијата.
3. Тие велат „Тоа не е моја работа“
Колку компанијата е помала толку поважно е вработените да бидат поагилни, побрзо да се прилагодуваат кон приоритети и да сработат се што е потребно без оглед на позицијата и улогата. Оние кои велат „Тоа не е моја работа“, не и мислат добро на компанијата.
4. Мислат дека се претплатени на платата и така и се однесуваат
Вработениот работел одлично минатата година, минатиот месец или вчера. Вие сте благодарни и го цените тоа. Но денес е нов ден. Платата допрва треба да се заработи за тој ден. Единствено мерило за вредноста на било кој работник е константниот и опиплив придонес кој го донесува на дневна база.
5. Тие го користат притисокот на своите колеги да не би изгледале толку лошо во очите на шефот
Новите вработени напорно работат, работат и подолго од предвиденото работно време, ги исполнуваат обврските и барањата и вашите очекувања. Но со тек на време од „поискусниот колега“ слушаат „Работиш премногу, а ние покрај тебе изгледаме лошо“. Избркајте ги овие фолиранти, добриот работник никогаш не се споредува со другите, се споредува сам со себе, секој ден, и се труди да биде се подобар.
6. Тие итаат да ги придобијат сите заслуги
Можеби ја одработиле целата работа. Можеби ги надминале сите препреки. Можеби без нив тимот не би можел да функционира. Но, не е добро кога заслугите ги земаат само за себе. Добриот вработен и добриот тимски играч ја дели славата. Ги фали другите, и им ги дава заслугите и на нив. Ги цени колегите. Особено е важно за оние кои се на раководечки позиции.