Доктор Никола Пановски останува на ставот дека е против сертификатите како мерка, но предложува маските во училиштата да се укинат постепено.
„За маските во училиштата сметам дека полека треба да ги симнуваме. Добро е што Комисијата за заразни болести оди постепено, не може се одеднаш да се укине. Мора да се види една мерка, па како ќе иде понатака. За последно би го оставил укинувањето на маските во јавниот превоз и маските во продавниците,“ рече Пановски во гостување на телевизијата Клан.
Тој смета дека сега е релаксирана состојбата со тешки ковид-случаи. „Јас сум против сертификатите како мерка. Не е убаво здравите луѓе да ги спречуваме да се движат. Приоритет треба да биде вакцинацијата. Младите имаат прележан