![За прв пат во државата ќе се испитува работата на наставниците и на директорите на училиштата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/54/2c44f745-resize-820x0x100.jpg)
Нашата земја за прв пат ќе учествува во меѓународното истражување на ОЕЦД за настава и учење. Во рамки на истражувањето ќе се испитува како работат наставниците и директорите на училиштата во државата, со цел да се подобри квалитетот на нивната работа.
Oва меѓународно истражување за настава и учење е првото кое го пренесува гласот на наставниците и на директорите на училиштата, кои одговараат, а прашања врзани за професионалниот развој што го добиле, за нивните наставни практики, а се гледа и нивната работа, фидбекот и признанијата што ги добиваат. Исто така се истражуваат и различни други прашања поврзани со раководството, управувањето и работното место во училиштето. TAЛИС е периодично истражување, односно беше спроведено во 2008, па во 2013, 2018 и следен пат ќе се спроведе во 2024 година. Во 2018 година, главното истражување беше спроведено во 31 земја на ОЕЦД.
Прочитајте повеќе на meta.mk