Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.
Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45 проценти во однос на одлуката од 10.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.
Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм).