За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата, а важеше и за државјаните на Северна Македонија кои патуваат кај јужниот сосед.
Министерот за туризам на Грција, пред десет дена соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Location Form (ПЛФ) за сите посетители од сите земји за влез во Грција” и додаде дека укинувањето го олеснува процесот за влез на туристи и акцентот ќе биде на контролата на сертификатите.
Задолжителното пополнување на ПЛФ формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година кога по првиот бран на Ковид-19 и првиот карантин постепено почна да ги отвора границите за странски државјани.
извор: biznisvesti.mk